ФИФА по стапките на УЕФА: Светска лига од 2019 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) лансира најава за натпреварување по теркот на УЕФА. Планот е воведување на Светска лига по теркот на Лига на нации на Европската фудбалска асоцијација и замислена е како замена за пријателските натпревари, но и како мундијалски квалификации.

 

Изминатите години пријателските натпревари станаа бесмислени бидејќи календарот е пренатрупан со клупските натпревари, поради што најдобрите играчи речиси редовно ги пропуштаат ваквите натпревари.

 

Оваа акција на ФИФА доаѓа неколку месеци откако УЕФА ја оформи Лигата на нации, која ќе ги замени пријателските натпревари во Европа, а напоредно ова натпреварување ќе биде и квалификациско за пласман на Европското првенство во 2020 година.

 

Откако УЕФА го објави својот проект, на адреса на ФИФА стигнаа поплаки од Јужна Америка, најмногу од Бразил и Аргентина, кои немаат квалитетни опции за своите подготвителни натпревари, односно „осудени“ се редовно да играат против неатрактивни противници од Северна и Средна Америка, односно од Азија, Океанија и Африка.

 

Бразилскиот „Естадао“ известува дека ФИФА не само што разговарала за оваа идеја, туку веќе планирала да ја инкорпорира во 2019 година. Мечевите ќе се играат во репрезентативни термини и со неа ќе бидат опфатени репрезентации од сите континенти врз основа на позициите на ранг листата. Планот е да биде слична на Лигата на нации, со тоа што екипите би биле поделени во три зони, согласно ФИФА-ранкингот.

 

Меѓутоа, повторно непознато е како овие натпревари би биле поразлични од сегашните пријателски и дали ФИФА би измислила нешто да ги мотивира селекциите да играат, освен „дебели“ парични награди.

 

Згора на тоа, европските селекции ќе имаат полн распоред со квалификации плус Лига на нации и нејасно е во кои термини би ги играле овие натпревари од Светската лига.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи