ВМРО-ДПМНЕ : СДС веднаш започна ги политизира празниците и манифестациите во Општина Прилеп

Непочитувањето на законите, наметнувањето на партијата над се и ароганцијата кои се својствени за владеењето на СДС за жал повторно ги видовме по само една недела од нивното доаѓање на власт во Прилеп и само 2 дена по формирањето на Советот на општината. Новоизбраниот градоначалник Илија Јованоски и советниците од редот на СДС уште од првиот ден започнаа со носење на сомнителни и незаконски одлуки. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во очи на доделувањето на наградите и признанијaта по повод денот на ослободувањето на Прилеп – 3ти Ноември за кои номинирањето на потенцијални добитници е завршен во точно определен рок, на време, СДС демонстрирајќи самоволие, дрско на само неколку дена пред празникот на незаконски начин го промени рокот на пријавување.

 

За жал СДС веднаш по своето доаѓање на власт започна да врши политизирање на празниците и манифестациите во општината. СДС меѓудругото во предизборието најверојатно вети и 3-то Ноемвриска награда на заслужни партиски кадри и така ќе успее да ја оцрни оваа манифестација со која угледни прилепчани добиваа досега признанија за придонесот кој го даваат за општината.

 

Г-дине градоначалник и СДС, конкурсот за пријавување на заслужни граѓани за Прилеп за добивање на 3-то Ноемвриска награда беше објавен во весникот Зенит, ТВ Визија , веб страната на општината и траеше од 22.09.2017 до 13.10.2017 година.

 

Кои сте вие за да вчера одлучите конкурсот кој е завршен на 13-ти Октомври да го продолжите да трае до 02.11.2017 до 11 часот, без притоа да го објавите макар и на општинската веб страна. Конкурсот ќе трае до 2-ри,  а доделувањето на признанијата е веќе на 3-ти Ноември во петок. На за вас својствен начин на работа, Вие ќе ги погазите сите тие кои на време биле предложени, а наградите ќе ги давате на Ваши партиски луѓе.

 

Ве прашуваме дали изјавата на претседателот на совет Миле Талески дека ќе претставува Совет кој еднакво ќе ги третира сите граѓани беше само со намера да се излажат граѓаните или беше дадена од чиста куртоазија, а без никакви намери да се почитува вољата на граѓаните?

 

Потребни беа само 2 дена од стапувањето на функција на СДС за граѓаните да се уверат дека животот нема да дојде, напротив граѓаните само добија потврда дека СДС на локално ниво само ќе се погрижи за своите партиски послушници додека потребите на народот ќе бидат сосема неважни и ќе бидат игнорирани а СДС како и секгаш кога е на власт ќе води самоволие.

 

Ги повикуваме претседателот на Совет и соетниците на СДС да ја преиспитаат одлуката за продолжување на рокот со цел проширување  на листата на добитници на награди и признанија по повод 3 Номеври и да се зафатат со работа и реализација на проекти од интерес на граѓаните а не да се занимаваат со лични услуги и ситно политиканство.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи