Општина Прилеп : Рокот за доставување предлози за 3-то ноемвриските награди не е ограничен, ниту пак рокот за донесување на одлуките

Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници работи законски и со примена на сите правни акти што ја регулираат работата на Советот на Општина Прилеп и работните тела. Според тоа ги отфрламе сите обвинувања од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ искажани на денешната прес конференција, според кои ова работно тело  работи противзаконски задоволувајќи ги партиските интереси. Ова денеска го истакнаа преку соопштение од Општина Прилеп како одговор на прес конференциијата на ВМРО-ДПМНЕ на која тие обвинија дека СДСМ ги политизира празниците и манифестациите во Општината.

 

Одговорот од Општина Прилеп го пренесуваме во целост.

 

„Според правните акти рокот за поднесување барања за доставување предлози за доделување на годинешното највисоко признание на локално ниво „3 Ноември“ не е ограничен, ниту пак рокот за донесување на одлуките.

 

Во интерес на објективното информирање на јавноста, акцентираме дека Комисијата го објави повторниот повик со архивски број 35-1749/2, поради малиот интерес на доставени предлози до Комисија од претходниот состав, а согласно со повикот арх. Бр. 35-1749/1, заклучно со 13.10.2017 г. поточно ден пред изборниот молк.

 

По конституирањето на новиот состав на Советот на Општина Прилеп  новоформираната Комисија на седница одржана на 31.10.2017 г. донесе одлука да продолжи рокот за доставување нови предлози. Барањето е објавено на огласната табла на веб страницата на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk. Рокот за доставување награди е до 02.11.2017 до 11 ч. а, час подоцна, значи во 12 часот закажана е седница на која членовите на Комисијата ќе ги отворат доставените предлози во двата рока, и ќе донесат одлука кои ќе бидат годинешните лауреати на оваа престижна награда.

 

Наградите согласно правните акти ќе бидат врачени на добитниците на свечена седница закажана за 3.11.2017.

 

Новоформираната Комисија има комплетна автономија во својата работа, а неоснованите критики на адреса на градоначалникот Илија Јованоски, се злонамерни и во функција на валкање на дигнитетот на новиот градоначалник.

 

Обвинувањата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се беспредмети. Изборниот крах што оваа партија го доживеа  на последните избори во Прилеп, е потврда дека граѓаните немаат доверба во оваа партија, а овие наводи се последни крици за нејзин спас.

 

Новата локална власт ги застапува интересите на сите граѓани на Прилеп и ги реализира заложбите за законско, ефикасно и транспарентно работење од самиот почеток.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи