Премиерот Заев со отворена поддршка на ЛГБТИ заедницата

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Заев даде поддршка за ЛГБТИ заедницата во Македонија која ќе биде заштитена од дискриминација преку законски измени. Тој присуствуваше на одбележување на 5 години од отварањето на ЛГБТИ центарот во Скопје посочувајќи дека граѓаните покажале дека сакаат држава која ќе биде еднаква за сите.

 

Заштита на правата на сите граѓани во Република Македонија, рече тој, е заложба и определба и на Владата на Република Македонија.

 

„Граѓаните на Република Македонија покажаа каква Македонија сакаат. Граѓаните на Македонија застанаа зад концептот дека секој е важен и дека Македонија треба да биде држава на сите граѓани и за сите граѓани. Како Влада на Република Македонија застанавме цврсто зад овој концепт што обезбедува живот и иднина за сите граѓани, и одлучни сме, ќе продолжиме да ја градиме Македонија во држава за сите и на сите. Општеството го поставивме на вистинскиот пат. Тоа е патот на демократска и европска Република Македонија“, истакна Заев.

 

Ова е првпат во историјата на Македонија, еден премиер да присуствува на ваков настан и отворено да даде поддршка на ЛГБТИ заедницата. Досега тие бие шиканирани од власта, дискириминирани, напаѓани, навредувани и никој за тоа не одговараше.

 

„Демократијата не се стекнува преку ноќ, ниту пак е нешто дадено еднаш засекогаш. Ја развивавме секој ден, со тоа што се развиваме пред сѐсамите себеси, низ надминувањето на наметнати или наследени предрасуди и стигми, испречени како предизвици за да извлечеме поука, што е најдобро. Како и да е, еден од темелите на демократијата е почитувањето на човековите права и Владата ќе направи сѐза да ја овозможи оваа уставна придобивка на секој граѓанин во Република Македонија“, рече премерот Заев.

 

Заев исто така посочи дека е свесен за нападите врз ЛГБТИ центарот во скопската чаршија кои никогаш не беа расчистени па затоа ветува дека тие времиња на беззаконие се минато.

 

„Еден од темелите на демократијата е почитувања на човековите права. Знам дека вашиот Центар беше изложен на поттикнати насилнички напади. Владата ќе донесе нов Закон за заштита од дискриминација според меѓународни стандарди. Ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштита на правата на граѓаните“, изјави Заев.

 

Премиерот Заев ја уплати и првата донација во Сигурна куќа за заштита и згрижување на лицата на кои им е потребна помош, а останале без работа или дом поради својата сексуална ориентација.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи