Агуеро испиша историја, најдобар стрелец во исторајата на Сити

Facebook
Twitter
Email
Print

Манчестер Сити синоќа запиша голема победа на гостувањето кај Наполи (2:4), а тој натпревар ќе остана запаметен и по големиот рекорд на Серхио Агуеро.

 

Аргентинецот во победата синоќа во Неапол во 69-та минута го постигна третиот погодок за својот клуб и стигна до својот 178. погодок во дресот на „Граѓаните“, со што стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити, кој годинава го прослави својот 137. роденден.

 

„Среќен сум поради ова достигнување, кое секако е по голема заслуга и на моите соиграчи“, изјави Аргентинецот по мечот со Наполи.

 

На првото место на вечната листа Агуеро го престигна Ерик Брук, а зад него и Томи Џонсон, Колин Бел, Џо Хејз, Били Мередит, Френсис Ли, Томи Брауел.

 

Честитки за соборување на клупскиот рекорд стигнаа и од менаџерот Пеп Гвардиола.

 

„Агуеро сега е дел од историјата на Манчестер Сити. Тој е легенда на клубот. Привилегија е да се има таков играч во тимот“, истакна Пеп.

 

Аргентинецот во Сити се пресели во 2011 година од Атлетико Мадрид и досега во кариерата за „граѓаните“ одигра 264 натпревари. Кариерата ја почнал во 2006 година во Индепендиенте.

 

Манчестер Сити со триумфот над Наполи обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи