Узбекистанецот го призна нападот во Њујорк, Трамп бара смртна казна

Facebook
Twitter
Email
Print

Американските обвинители поднесоа обвинение за тероризам против Узбекистанецот осомничен за напад со пикап камион во Њујорк при што загинаа осум лица, додека дванаесет други беа ранети. Тој потврдил дека бил инспириран од екстремистичката група Исламска држава.

 

Како што се наведува во обвиниението, Саипов го одбил правото да се брани со молчење, а на разговорот со претставниците на властите од постелата во болничкиот центар на Менхетен се согласил без присуство на адвокат.

 

Саипов признал дека бил инспириран од Исламска држава и дека одлучил да нападне  кога во САД се празнува ноќта на вештерките, сметајќи дека тогаш ќе има најмногу луѓе на улиците. Неговата цел била, откако ќе убие колку што може повеќе луѓе во близината на светскиот трговски центар, нападот да го продолжи се до Бруклинскиот мост.

 

Обвинителите соопштија дека Саипов имал 90 видеа и 3.800 фотографии на еден од неговите два мобилни телефона, многу од нив со пропаганда поврзана со ИД, вклучувајќи и фотографии на затвореници кои биле обезглавени или застрелани.

 

„Терористот од Њујорк рече дека е среќен и дека барал во болничката соба да го истакне знамето на Исламската држава. Уби осум луѓе, а тешко повреди 12. ТРЕБА ДА ДОБИЕ СМРТНА КАЗНА!“, напиша на „Твитер“ американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Ден претходно Трамп изјави дека е отворен за префрлување на Саипов во воениот затвор Гвантанамо во истоимениот залив на Куба, каде што се наоѓаат и други затвореници, вклучително и осомниечните за планирањето на терористичкиот напад од 11-ти септември 2001 година во Њујорк.

 

Државниот обвинител Јун Ким изјави дека според првата точка од обвинението Саипов може да добие доживотен затвор, додека по втоата, доколку владата го побара тоа, би можел да биде осуден на смртна казна.

 

Федералното биро за истраги (FBI), пак, во средата објави дека е пронајден и 32-годишниот Мухамадџоир Кадиров, исто така, по потекло од Узбекистан, по кој ден претходно беше издадена потерница поради сомневање за вмешаност во нападот на Мехнетен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи