Шпанското обвинителство бара затвор за разрешената Влада на Каталонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанското обвинителство побара затвор за осум члена на сменетата сепаратистичка каталонска влада, додека трае истрагата, пренесе Би-Би-Си.

 

Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и четворица министри одбија да се појават пред судот во Мадрид и останаа во Белгија.

 

Јавно обвинителство денеска побара од Судот да издаде меѓународна потерница по разрешениот каталонски премиер, Карлес Пучдемон. Претходно, претседателот на Врховниот суд на Шпанија, Карлос Лесмес изјави дека, ако Пучдемон не се појави пред судот, нормалната процедура би била да се издаде налог за апсење.

 

„Кога некој не се појавува, а судијата го повикува, во Шпанија или во која било друга земја на ЕУ, нормално е да се издаде налог за апсење“, потенцира Лесмес.

 

Иако тоа сè уште не е официјално покренато, каталонските лидери се соочуваат со обвинение за побуна, повикување на сецесија и за злоупотреба на јавни средства, за што можат да добијат затворска казна до 30 години.

 

Како што е наведено, побарано е министерот Санти Вила, кој поднесе оставка пред парламентот во Каталонија да прогласи независност во петокот, да се ослободи со кауција од 50.000 евра.

 

Девет членови на поранешната каталонска влада денеска сведочеа пред судот по обвиненијата за поттикнување на бунт и злоупотреба на јавните средства. На барање на адвокатите одлуката на судот беше одложена за 9 ноември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи