Дали Белгија ќе го ослободи Пуџдемон по неговото предавање ?

Facebook
Twitter
Email
Print

Разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и четворица членови на неговата влада се предадоа на полицијата во Белгија. Според белгиското обвинителство, судот има рок до утре изутрина да донесе одлука како ќе се дејствува по налогот за нивно апсење издаден од шпанските власти.

 

На попладневното сослушување на разрешениот претседател на каталонската влда Карлес Пучдемон белгискиот обвинител потврдил дека е можно тој и министрите да бидат пуштени на условна слобода.

Портпаролот на обвинителот, на конференцијата за новинари, истакна дека до утре наутро ќе биде решено дали тие ќе бидат на слобода.

 

 

Пучдемон и неговите соработници заминаа за Белгија откако шпанските централни власти привремено ја суспендираа автономијата на Каталонија по референдумот за независност на регионот.

 

Тие се барани од шпанскиот суд под обвинение за побуна и злоупотреба на јавни средства.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи