ВИДЕО : ВМРО-ДПМНЕ : СДС да ги пронајде вандалите кои го уништија споменикот на Александар Македонски

Почитувани сограѓани, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп најостро го осудува вандалскиот чин со кој е оштетен споменикот на Александар Македонски кој е поставен во 2006-та година на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Воедно ги повикуваме и надлежните институции, МВР и Локалната самоуправа предводена од Илија Јованоски како градоначалник, да ги пронајдат сторителите на овој вандалски чин и истите да бидат казнети. Ако сакаат надлежните институции тоа можат да го сторат за многу кратко време бидејќи во близина на споменикот има и камери.

 

 

Г-дине Илија Јованоски, Поставените споменици во изминатите 12 години кога со Локалната власт раководеше ВМРО-ДПМНЕ се од исклучително значење за културата и историјата на Прилеп и Македонија.

 

 

Поставени се споменици на Кузман Јосифоски – Питу, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Методија Шаторов – Шарло, Блаже Конески, Круме Кепески – заслужни прилепчани кои оставиле исклучително важен белег во македонската историја и култура. Споменикот „Карпалак“ и споменикот „Прилепски бранители“, се сведоци за настаните од поновата наша историја и воедно не потсетуваат на жртвата дадена во 2001-та година на нашите сограѓани за зачувување на Р. Македонија.

 

 

Спомениците на Крал Марко и споменикот на Александар Македонски кој беше оштетен во петокот ноќта, како и неколку други, не потсетуваат на минатото, а воедно ни даваат и обврска за нашата грижа за татковината.

 

 

Г-дине Јованоски и сите кои сте дел од власта на СДС, сторете се да ги пронајдете сторителите на овој вандалски чин. Продолжете да се грижите за сите културно-историски споменици во Прилеп онака како што се грижеше ВМРО – ДПМНЕ во изминативе години затоа што тие се дел од секој жител на нашаат општина. Тоа е ваша обврска сега. И не заборавајте, Прилеп се сака со работа и дела, а не со празни зборови!“, истакнаа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.