ВИДЕО : Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ и денеска на штрајк

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Стотината вработени во прилепската фирма „Еурокомпозит“, која што е 100% државна сопственост и денеска продолжија со протестите. Тие ги повторија своите барања за исплата на 16 неисплатени плати, неисплатени придонеси за здравствено и пензиско осигурување од 01.06.2012 година па се до денес и програма за технолошки вишок со законот за материјално невработени лица поради доминантната сопственост на државата од околу стотина вработени.

 

 

Исто така потенцираа дека и покрај ветувањата на премиерот Зоран Заев досега не добиле никаква помош.

 

„На средбата со премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, на 24.10.2017 година беше договорено дека Владата одобрила средства во висина од 10 милиони денари за да се исплати една плата и репроматеријали и истите да ги добиеме во најкраток можен рок. Но до денес нема ништо од договореното па затоа вработените се револтирани и штрајкот ќе продолжи и понатаму се до исполнувањето на нашите барања“, истакна Влатко Чурлиноски, претседател на синдикална организација на „Еурокомпозит“.

 

„Ако веќе немаат решение тогаш нека не ликвидираат што е можно поскоро затоа што немаме здравствено осигурување, нема придонеси, немаме ништо. Премиерот ни вети дека половина од работниците ќе ги пушти технолошки вишок, така што чекаме 2 недели да ни пушти пари за репроматеријали бидејќи ние немаме пари ниту за работа. Со една плата не решаваме ништо“, кажа Зоран Дамчески, вработен во „Еурокомпозит“.

 

Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, оствари средба со претставници на вработените во „Еурокомпозит“ и вети дека, иако тоа не е во негова надлежност, ќе направи се за надминување на овој долгогодишен проблем со кој се соочуваат вработените во оваа фирма.

 

„Денеска се сретнав со претставниците на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, фирма која е во комплетна сопственост на државата. Се запознав комплетно со проблемите со кои се соочуваат веќе години наназад. Им ветив дека, иако тоа не е во моја надлежност, се ќе направам што е во нивни интерес, интерес на граѓаните и градот. Ќе разговарам со вицепремиерот Анѓушев, а ако треба и со премиерот Зоран Заев, за надминување на оваа ситуација. Ќе помогнам се што е во моја надлежност и ќе инсистирам на оваа логистичка поддршка и тоа е моја морална обврска да го направам во интерес на сите нас за да се реши овој долгогодишен проблем“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

Претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит“ по средбата истакнаа дека се задоволни од конструктивната средба со градоначалникот Јованоски и неговите ветувања за надминување на оваа криза.

 

„Остваривме конструктивна средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, задоволни сме и очекуваме решавање на нашите проблеми во најбрз можен рок“, истакна Влатко Чурлиноски, претседател на синдикална организација на „Еурокомпозит“.

 

Вработените во „Еурокомпозит“ истакнаа дека со штрајкот продолжуваат и утре.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи