Започна со работа Фондот за Западен Балкан

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со екипирање на персоналот избран по процес на евалуација и селекција викендов во Тирана и официјално започна со работа Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан – ВБФ чија цел е поддршка на заеднички проекти на граѓанското општество, за зајакнување на контактите меѓу луѓето и севкупните процеси на регионална соработка.

 

Како што соопштија од ВБФ, на церемонијата организирана по тој повод во просториите на фондот во албанскиот главен град, извршниот директор Ѓерѓ Мура, кој истакна дека група искусни професионалци од нашиот регион се подготвени активно да придонесат за постигнување на целта на Фондот.

 

Новите членови на персоналот, кои доаѓаат од Белград, Подгорица, Приштина, Скопје и Тирана, имаа можност да се претстават пред присутните амбасадори од регионот и од земјите на Европската унија, претставници од албанското Министерство за Европа и надворешни работи и Европската делегација во Тирана.

 

Фондот на Западен Балкан е прв фонд создаден од владите на земјите во Западен Балкан и негови главни цели се да ја зајакнат соработката меѓу нејзините членки, да ги зајакнат односите и регионалната кохезија и секако да ја унапредат интеграцијата во Европската унија. Тоа ќе биде направено преку промовирање на заеднички вредности меѓу граѓаните, граѓанските организации и регионалните актери, преку зајакнување и обезбедување на конкретен пристап на ниво “луѓето-за-луѓето”.

 

ВБФ (WBF http://westernbalkansfund.org) финансиски ќе поддржува мали и средни проекти со главна цел: зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во следните 4 клучни области: образование и научни размени, културна соработка, прекугранична и младинска соработка и одржлив развој.

 

Првиот повик за предлози на кој ќе може да аплицираат граѓанските организации од Западен Балкан ќе биде објавен во текот на месец ноември, а повеќе информации за тоа ќе може да се добијат и преку информативните сесии кои ќе се организираат во текот на следните недели, најавуваат од ВБФ. 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи