Струја, вода и пристапен пат за 2 месеци во населбата „Три багреми“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска оствари средба со министерот за имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата со Ромите во Р. Македонија, Самка Ибраимоски, на која беше договорена реализација на неколку капитални проекти во населбата ромската населба во Прилеп. Проектите ќе се реализирата во 2 фази, првите до крајот на оваа, а другите во текот на 2018 година.

 

„Денеска имавме средба со министерот за имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата со Ромите во Р. Македонија, Самка Ибраимоски, со кого се договоривме околу неколку клучни проекти кои треба во наредниот период да се реализираат во ромската населба во Прилеп. Проектите се поделени во две фази, едни кои ќе се реализираат во наредниве 2 месеци, и другите кои ќе се реализираат во наредната година. Како приоритет кој ќе се спроведе е изградбата на нова електрична мрежа во населбата „Три багреми“, кој што е основен проблем во тој дел на градот, исто така ќе се уреди влезот на таа населба и се планира изградба на нов систем за водоснабдување“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

Министерот Ибраимоски истакна дека со реализацијата на овие проекти ќе се решат едни од капиталнитепроблеми на ромите, со кои тие се соочуваат со години наназад.

 

„За разлика до претходната власт ние тоа што го ветуваме мора и да го изработиме. Ветивме дека населбата „Три багреми“ ќе ја снабдиме со електрична енергија и дека ќе поставиме нов трансформатор. Ќе се реши проблемот со водоснабдувањето, тоа ќе се обидеме да го решиме во овие 2 месеци, но сепак дали тоа целосно ќе се рализира во 2017 година ќе каже ситуацијата на терен, а исто така ќе се уреди и пристапниот пат до населбата. Наредната година она што го ветивме е и чистењето на реката во ромското маало и изградба на пристапни патишта. Ние како кабинет се насочуваме повеќе кон Прилеп, бидејќи Прилеп е втор град по големина каде има најмногу Роми во Македонија. Во 2018 година исто така ќе се ревидираат дел од акционите планови за да го реализираме тоа што граѓаните го бараат на терен“, истакна Самка Ибраимоски, министер за имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата со Ромите во Р. Македонија.

 

На новинарско со чии средства ќе се финансираат овие проекти Министерот Ибраимоски рече :

 

„Ние како кабинет ќе финансираме околу делот на изградбата на трафостаницата, за пристапниот пат дел ќе финансираме ние, а дел локалната самоуправа. Чистењето на реката ќе го направи локалната самоуправа, а проектниот план како треба да изгледа речното корито, кое ќе биде уредено со пешачки патеки, огради и осветлување ќе го финансираме ние. Средствата за тоа уште оваа година ќе и бидат уплатени на локалната самоуправа“, додаде Ибраимоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи