УЕФА се закани: ПСЖ мора да продава доколку не сака да биде исклучен од ЛШ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Фудбалскиот клуб ПСЖ во текот на летото за заслувања потроши 238 милиони евра, а во тоа не се смета трансферот на Килијан Мбапе, кој пристигна на едногодишна позајмица од Монако, по што клубот од Монте Карло ќе добие 145 милиони евра, а можно е и дополнителни 35 со бонуси. Поради тоа ПСЖ, може да има серизони проблеми од идната сезона, 2017/2018 поради непочитување на финансискиот фер плеј.

 

Според регулативите на ова ограничување, еден клуб смее да потроши само 30 милиони евра повеќе од она што го заработил претходната сезона. ПСЖ нормално потроши многу повеќе од тоа, па затоа УЕФА веднаш започна истрага. Челниците на „светците“ ги исполниле сите барање на УЕФА и соработувале без никакви проблеми, бидејќи и тие самите знаат дека може да бидат сериозно сакнционирани од Куќата на европскиот фудбал.

 

Според шпекулациите, ПСЖ го надминал Финанскискиот фер-плеј за 80 милиони евра, па со цел ПСЖ да ги задоволи фер-плеј стандардите, во зимскиот преоден рок ќе мора да се стекнат со приходи од продажба на играчи во висина од 80 милиони евра. ПСЖ наводно се солгасил дека ќе ги направи неопходните  трансфери, а на излезните врати на клубот моментално се наоѓаат Анхел Ди Мариа и Лукас Моура.

 

Меѓутоа, постои можност уште неколку фудбалери да го напуштат ПСЖ. Се споменува дури и заминување на Едисон Кавани, што секако би бил најголем трансфер во зимата.

 

Челницитеи на ПСЖ треба да размислувааат и за трансферот на Килијан Мбапе, односно на оние 180 милиони евра кои мораат да му ги платат на Монако идното лето, кога истекува неговата позајмица.

 

Медиумите пишуваат дека доколку УЕФА открие дека ПСЖ сериозно ги прекршил правилата на Финансискиот фер-плеј тогаш нема да се соочи со сериозна парична казна, туку тимот ќе биде исфрлен од Лигата на шампиони следната натпреварувачка година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи