Ирак започнува офанзива за заземање на последниот град под контрола на Исламска држава

Facebook
Twitter
Email
Print

Ирачките сили започнаа офанзива за заземање на Рава, последниот град под контрола на Исламска држава. Во офанзивата за преземање на овој мал град на крајбрежјето на Еуфрат учествуваат две ирачки пешадиски дивизии и сунитски племенски сили.

 

По заземањето на градот Ал Каим, на ИД во Ирак ѝ останаа помалите зони каде што се уште има контрола. Заземањето на Рава ќе значи крај на периодот на владеење на ИД над териториите во Ирак и Сирија, заземени во 2014 година.

 

Сирија прогласи победа над терористите на 9 ноември, кога го зазеде градот Абу Камал, последната населба под контрола на ИД на границата со Ирак. Сириската војска и нивните сојузници и понатаму се борат против милитантите во пустинските области во близина на Абу Камал.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи