Младите репрезентативци ја победија и Белгија и обезбедија пласман во елитните квалификации за ЕП!

Facebook
Twitter
Email
Print

Репрезентацијата до 19 години на Македонија триумфираше со 2-1 над Белгија и обезбеди пласамн во елитните квалификации за Европското првенство.

 

Предводени од Елмас, Чурлинов и Атанасов, фудбалерите до 19 години покажаа дека Македонија има нова златна генерација и денеска ги совладаа своите врсници од Белгија за обезбедување на првото место во групата на едно коло до крајот.

 

Белгија подобро го отвори натпреварот и уште по 10. минути имаше предност од 1:0. Стрелец на погодокот беше играчот на Андерлехт, Фулон.

 

Нашите репрезентативци се вратија во игра во 24. минута кога Елиф Елмас со глава ја затресе мрежата на гостите. Дарко Чурлинов во финишот на средбата изнуди пенал кој го реализира Јани Атанасов за голема победа на нашата репрезентација.

 

Вујадин Станојковиќ ја предводи првата македонска селекција која успеа да обезбеди пласман во елитните квалификации. Ова е моќна Македонија!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи