Идеален тим од ѕвезди кои нема да играат на Светското првенство во Русија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Квалификациите за пласман на Светското првенство завршуваат и веќе е јасно кој ќе игра, а кој нема да игра на најголемиот фудбалски турнир.

 

Некои држави разочараа, па така меѓу европските селекции во Русија ќе ги нема Италија и Холандија, од Јужна Америка ќе недостига континенталниот првак Чиле, САД од Северна Америка.

 

Многу фудбалски ѕвезди ќе бидат во Русија, но во исто време голем број исто така големи фудбалери нема да настапат на Мундијалот, кои доколку би имале шанса да настапат заедно, сигурно би биле меѓу првите конкуренти за освојување на Мундијалот.

 

На голманската позиција е Џиџи Буфон – нормално. Во одбраната речиси цела Италија, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини, а друштво им прави и Давид Алаба од Австрија. Средниот ред го сочинуваат Марко Верати од Италија, потоа Словакот Марек Хамшик и Артуро Видал од Чиле. На крилните позиции се Герет Бејл и Арјен Робен, а од напаѓачите тука се Алексис Санчез од Чиле и Пјер-Емерик Обамејанг од Габон.

 

Иако ги нема во овој состав, не помалку добри се и Арјен Робен (Холандија), Един Џеко (БиХ), Ријад Марез (Алжир), Јан Облак (Словенија), Кристијан Пулишиќ (САД), Хенрик Мкатаријан (Ерменија), Наби Кеита (Гвинеја) итн.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи