Уставниот суд го укина Законот за одредување на висината на казните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Уставниот суд го укина Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, што значи дека судиите се враќаат на стариот принцип да судат според својата совест, стручност, познавање на правото и самите да ги ценат околностите дали некој треба да добие помала или поголема казна за исто кривично дело.

 

Иницијативата со која се оспорува Законот за одредување и одмерување на висината на казната беше поднесена од Христијан Георгиевски, адвокат од Куманово.

 

Уставните судии констатирале дека законот, кој беше донесен во 2014 година, е уставно проблематичен и со мнозинство гласови од шесте судии во Уставниот суд, (најмалку пет судии),  е укинат. Ова веќе подолго време го бараа судиите, професорите и експертската јавност, затоа што според нив вакво решение како закон не постои никаде во Европа.

 

Овој закон и претходно беше оспоруван од експертите бидејќи предупредуваа дека бодувањето доведува до изрекување казни со слична висина, односно слична казна добива и оној што извршил кражба и оној што извршил убиство.

 

Негативни реакции во јавноста предизвика казната од 18 месеци која му беше одредена на поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски, кој беше обвинет за уништување на доказите за прислушување, додека повисоки казни добија лица кои извршиле ситни кражби или прекршоци.

 

Одлуката ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник, со што и, укинатиот закон повеќе нема да биде дел од правниот поредок.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи