Врие во Реал Мадрид: Рамос и Роналдо во отворена војна на зборови

Facebook
Twitter
Email
Print

Лошите настапи во Ла Лига на стартот на сезоната и осумте бодови негатива во однос на најлутиот ривал Барселона доведоа до точка на вриење во соблекувалната на Реал Мадрид. Додека „кралевите“ водат војна зад сцената, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос влегоа во јавна војна на зборови.

 

Според Роналдо, причината за лошата форма во која се наоѓа Реал Мадрид во моментов е продавањето на дел од играчите од претходната сезона како Пепе, Коентрао, Мората и Родригез, кои воедно се и доста добри лични пријатели на Кристијано, и давањето предност на доста млади, неискусни и недокажани фудбалери, односно Иско, Асенсио и Васкез.

 

Според „Марка“, весник кој е доста близок со кралскиот клуб, Рамос отворено дава поддршка на младите фудбалери, бидејќи според него токму тие биле причината за освојување на два трофеи на почетокот на сезоната, односно Суперкупот на Уефа во Скопје против Манчестер Јунајтер и Суперкупот на Шпанија против Барселона, што секако не му се допаѓа на Роналдо кој важи за прва ѕвезда кај кралевите.

 

Со заминувањето на дел од играчите, кои важеа за „членови на кланот Роналдо“ во Реал Мадрид, Португалецот полека го губи своето влијание во тимот, а се чини и претседателот на клубот, Перез, го губи своето трпение со Роналдо, кој во моментот се наоѓа во катастрофална форма.

 

Поради тоа заминувањето на Роналдо очигледно станува се поизвесно, откако и низа медиуми открија дека тој веќе побарал трансфер.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи