Емирати – луксузно патување во новите апартмани

Луксузот во Обединетите Арапски Емирати нема граници. Една од најлуксузните авиокомпании, Емирати, го претстави целосно редизајнираниот ентериер на своите авиони од типот Боинг 777, инспириран од класата Ц на Мерцедес Бенз, вклучувајќи ги и оние, најочекуваните – приватните апартмани во прва класа.

 

 

Боинг 777 веќе постави шест луксузни кабини кои содржат огромни седишта што можат да се трансформираат во кревет. Прозорците даваат панорама надвор од авионот во реално време благодарение на една нова иновативна камера преку која се прикажуваат инсерти на целиот простор каде се наоѓа авионот. Патниците имаат електрична опрема со која услугата во собата можат да ја бараат од нивните удобни седишта. Што се однесува до седиштата, произведувачите велат дека тие се направени со технологија на НАСА.

 

Се обидовме да направиме приватен и мирен амбиент. Патниците можат да спијат, работат, јадат, да гледаат филм или можат да прават било што друго“, вели Тим Кларк- претседател на воздушната компанија „Емирати“.

 

Покрај овие луксузни соби бордот на авионот Боинг 777 има кабинет за бизнис и економска класа.

 

Најновиот авион Боинг 777 со овие карактеристики, ќе почне да лета на 1-ви декември, со летовите кон Женева и Брисел.

 

Во Емирати признаваат дека потрошиле милиони долари за развојот на првата класа и дека целиот процес траел со години, но точните суми што ги вложиле не ги открија. Голем дел од парите беа инвестирани во рекламирањето, за кое е заслужен легендарниот водител Џереми Кларксон.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи