Ирец 15 години копал тунел од својата спална соба до локалниот паб!

Верувале или не, водоинсталатер од Ирска ископал тунел од својата куќа до локален паб, кој што се наоѓал на 800 метри оддалеченост од домот каде што живеел.

 

Патси К. добил повик од судот, откако по негова заслуга во дворот на неговиот комшија пукнала канализациска цевка. Тој во судот ја раскажал целата приказна за неговиот тунел, како и причината поради кој го копал претходните 15 години.

 

„Мојата сопруга има проблем со грчењето. Откако го изгледав „The Shawshank Redemption“ во 1994 година, одлучив да превземам нешто во врска со тоа, па започнав да копам дупка под креветот во спалната соба во правец кон локалниот паб. Користев најразлични алати, од лопати до бушалица за тунел, која успеав да ја внесам во дупката додека мојата жена беше во кујната. Дури во 2009 година успеав да излезам на другата страна и тоа во женскиот тоалет од пабот“, изјавил Патси.

 

Патси претходните 5 години секоја вечер излегувал во пабот во 11 часот навечер, а се враќал дома во 1 по полноќ. Неговата жена немала претстава за овие активности на нејзиниот маж, откако таа ќе заспие во нивната спална.

 

„Да бидам искрен, мило ми е што сум фатен. Секое утро жената ме сеќаваше дека мирисам на алкохол, а јас ја лажев дека тоа е мојот природен мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ја открие мојата тајна. Сопственикот на пабот секогаш се прашуваше како моментално се најдувам во пабот и тоа секогаш во исто време“, изјавил Ирецот.

 

Тајната на Патси е откриена по пукањето на канализациската цевка, која што тој ја оштетил додека го копал тунелот кон пабот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи