Шокантно : МПЦ бара Бугарската црква да биде нејзина Мајка црква – македонскиот народ никој не го прашува

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија ја признава Бугарската патријаршија за своја црква-мајка! Ова стои во писмото на Синодот на МПЦ-ОА напишано на 9 ноември и испратено до Бугарскиот синод. Инаку овој документот е прикажан во емисијата „Вера и општество” на бугарската државна телевизија БНТ, чиј автор е Горан Благоев.

 

Благоев вели дека писмото потпишано од Македонскиот архиепископ Стефан, може да се окарактеризира како „историски документ”, бидејќи во него за прв пат Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија зборува за нејзина Црква-мајка.  До денеска сепак БПЦ и нејзиниот патријарх молчат во однос на ова историско барање.

 

„Важно е сега да паднат духовните граници и да соработуваме. Јавноста го дели ставот дека БПЦ треба да ја преземе оваа одговорност и да биде црква-мајка на Македонците. Поддршка за оваа идеја даде дедо Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, митрополитот струмички Наум. Верувам дека БПЦ ќе ги заштити своите поранешни епархии“, изјави Милен Врабевски, претседател на фонданцијата „Бугарска памет“, кој кажува дека и самиот учествувал на дел од стредбите помеѓу македонските и бугарските владици.

 

 

Тој раскажа дека македонските архиереи ја посетиле Бугарија, за да разберат какво е расположението за ваквата идеја.

 

„Тоа е храбра и достојна позиција на Македонската православна црква. Треба да се интервенира и духовниот татко на нацијата – Патријархот да ја признае автокефалноста на Македонската црква. Признавањето на Македонската црква од Бугарија значи бугарскиот Синод, да се соочи против Српската, и против Руската Црква, а воедно со тоа и против Вселенската патријаршија, кои не ја признаваат автокефалноста на Македонската Црква. Патријарх Неофит треба да го заземе местото на духовен татко на овие два народи. Да не ги оставаме на цедило, овие луѓе кои собрале храброст да побараат тоа од на“, истакна Врабевски.

 

 

Претходно и владиката струмички Наум го потврди ова во изјава за бугарската телевизија БТВ дека Синодот на Македонската православна црква – ОА испратил писмо до бугарскиот синод во кое изразува подготвеност БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

 

„Испративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ да стане црква мајка на МПЦ. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти “, категоричен е митрополитот Наум.

 

 

Оваа изјава на Струмичкиот Митрополит ги потврдува се почестите информации во јавноста дека Синодот на МПЦ во последно време размислува за признавањето на својата автокефалност да го бара по друг пат.

 

Емисијата „Вера и општество” можете да ја погледнете ТУКА.

 

Ако сето ова е вистина останува отворено прашањето во чие име МПЦ преговарала во Бугарија и зошто за ова воопшто не е известен народот во Македонија ?

 

Зошто се потребни вакви тајни црковни преговори ?

 

Кога МПЦ на чело со Архиепископот Г.Г. Стефан и останатите владици од Синодот планираат за ова да го известат својот народ, а не вакви историски важни информации тој да дознава од бугарски медиуми ?

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи