Германската полиција уапси шест Сиријци осомничени дека подготвувале терористички напад во пресрет на божиќните празници.
Сиријците биле уапсени во акција на 500 полицајци во осум станови во градовите Касел, Хановер, Есен и Лајпциг, и имаат помеѓу 20 и 28 години.
Четворица од уапсените дошле во Германија во 2014 година, додека другите двајца пристигнале во август и септември 2016 година. Сите поднеле барањеза азил.
Полицијата наведе дека верува дека планирале напад на божиќните саеми во градот Есен, во северозападниот дел на земјата, користејќи оружје и експлозиви.
126