Хардинг: Путин има огромно тајно богатство, се проценува на над 40 милијарди долари!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Се проценува дека рускиот претседател Владимир Путин е еден од најбогатите државници и еден од најбогатите луѓе воопшто на светот чие што богатство изнесува околу 40 милијарди долари.

 

Рускиот претседател Владимир Путин веројатно е еден од најбогатите луѓе на светот, оценува новинарот на „Гардијан“, Лук Хардинг и автор на книгата „Тајни средби, валкани пари и како Русија му помогна на Доналд Трамп да победи“.

 

Тој вели дека Путин и неговите пари се табу тема во Русија, а уште во 2007-ма година открил дека рускиот претседател поседува богатство од вртоглави 40 милијарди долари, пренесува “Business Insider”.

 

„Русија е најголемиот светски производител на нафта и луѓето кои што се во самиот врв на власта во руската држава се мултимилијардери, а Путин е на врвот на таа пирамида, иако официјално неговата плата е 100 илјади долари годишно“, тврди Лук Хардинг.

 

Како што вели тој, целата руска елита знае дека Владимир Путин е „далеку најбогатиот човек во градот“, но и дека убавината во системот е во тоа што „официјално ништо не му припаѓа на Путин, а целото богатство го чуваат неговите соработници“, од кои што некои од нив се наоѓаат под санкции.

 

Како што пренесува “Business Insider”, Владимир Путин наводно контролирал 37% од нафтената компанија „Сургутњефтгаз“ и 4,5% од „Гаспром“. Според некои извори, неговото богатство во 2012-та година се искачило и до 70 милијарди долари.

 

Хардинг не е единствениот кој го допре ова прашање, со половичен успех. Богатството на Путин, иако сите се согласуваат дека тоа е огромно, е невозможно да се провери и се сведува на проценки и шпекулации. Најпознатата проценка се појави во горенаведената 2007 година, а ја дал поранешниот советник на Кремљ Станислав Белковски. Според него Пути бил проценет на 40 милијарди долари.

 

„Најмалку има 40 милијарди евра, максималниот износ не може да се добие. Верувам дека постојат бизниси за што не знам ништо“, рече тој.

 

Никој не оспорува дека Путин е добар со парите и дека наводно богатството го дистрибуирал преку тајна мрежа на акции во компании, недвижности, но и на сметки на други луѓе. Тој, исто така се поврзува со палатата на Црно Море од една милијарда долари, изградена за него од средства на олигарсите.

 

Се споменуват, на основа на досие кое е составено од својот противник, и четири јахти, 58 авиони и хеликоптери, 20 резинденции и вили, колекција на часовници.

 

Путин тврди дека ова се тешки глупости.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи