Апелационите судии одлучија две бомби, од кои една јавно објавена, да бидат доказ во предметот „Титаник 2“. Во овој случај обвинети се Мендух Тачи и Сашо Мијалков, ексчленовите на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и 5 управни судии: Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Газмент Фејзули и Анета Џигерова.
Во еден од двата прислушувани разговори, помеѓу поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, се слуша како се договараат за гласање во ДИК.
Како што потврдуваат од Апелациониот суд, судиите како и во претходните случаи одлучиле да го преиначат решението на Кривичниот суд кој ги одби бомбите и да дозволат прислушуваните разговори да бидат слушнати во судница.
Апелација треба да одлучува и за жалбите на СЈО на одлуките на Кривичен бомбите да не бидат доказ и во предметите „Тортура“ и „Титаник“.