Без превод на македонски за денот на албанската азбука на приемот во Влада

Facebook
Twitter
Email
Print

Без превод на македонски јазик вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика  во владата организираше  свечен прием по повод денот на албанската азбука 22 ноември со кој се одбележуваат 109 години од битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана.

 

Од владата рекоа дека поради технички причини немало превод на официјалниот настан.

 

Претседателот на македонското собрание Талат Џафери упати честитка по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и рече дека негувањето на јазичните и културните богатства се влог во подобра иднина.

 

Вчера беше одложена комисиската расправа за законот за јазици ќе продолжи по донесување на буџетот, а претседателот на комисијата за европски прашања, Артан Груби, рече  дека ја одложил расправата затоа што неделава Собранието треба да се занимава за клучни реформски прашања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи