Дачиќ: Србија нема да го признае Косово за да се зачлени во ЕУ

Facebook
Twitter
Email
Print

Полноправното членство во Европската унија претставува апсолутен надворешно-политички приоритет на Белград, но Србија нема да ја признае независноста на Косово за да стане членка на Унијата, изјави во Буенос Аирес српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

 

„Ние сакаме договор, сакаме праведно и трајно решение, но нема никогаш да ги признаеме едностраните акти, па дури ни по цена да влеземе во ЕУ. На пријателите кои ни помагаат во сето тоа, во смисла на политичка поддршка за нашите ставови, им должиме голема благодарност, а меѓу нив ја вбројувам и Аргентина, како еден од најзначајните партнери за Србија“, изјави Дачиќ.

 

Дачиќ, наведе дека постигнувањето на политичко решение во однос на прашањето за Косово е национален приоритет за Србија, потсетувајќи дека српскиот претседател Александар Вучиќ покренал иницијатива со која е отворен внатрешен дијалог во Косово, со цел да се обезбеди заеднички и трајно одржлив договор за тоа прашање.

 

 „Пристапот на Унијата по кој вреднувањето на напредокот на секој кандидат се извршува врз основа на индивидуланите заслуги е добар и напредокот во преговарачкиот процес треба всушност да одговара на напорите и разултатите кои ги постигнуваме во реформскиот процес. Меѓутоа, во случајот со Србија, поврзувањето на напредокот во преговарачкиот процес за разултатите од дијалогот меѓу Белград и Приштина, со што во нашиот европски процес е воведен и трет актер, претставува сериозно оптоварување за Србија“, потенцираше српскиот министер за надворешни работи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи