Бран критики низ целиот свет по новиот севернокорејски ракетен тест

Facebook
Twitter
Email
Print

Низа меѓународни реакции пристигнаа по најновиот ракетен тест на Северна Кореја.  САД, ЕУ, НАТО, како и Русија и Кина го осудија ракетното тестирање.

 

„Сеул нема да „седи и да чека“ на провокациите на Северна Кореја, ќе работиме со САД на зајакнување на сопствената безбедност“, изјави официјален Сеул.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп пак изјави дека ќе се справи со Северна Кореја.

 

„Како што веројатно сте слушнале, а некои и известивте, ракета била лансирана пред извесно време од Северна Кореја. Јас само ќе ви кажам дека ќе се погрижиме за тоа. Ние го имаме тука во собата генерал Матис и имавме долга дискусија за тоа. Тоа е ситуација со која ќе се справиме“, вели Доналд Трамп.

 

Американскиот министер за одбрана предупреди по најновото лансирање балистички проектил дека Северна Кореја претставува глобална закана.

 

„Таа отиде повисоко искрено од кое било лансирање што го презеле. Тоа е истражувачки и развоен напор од нивна страна да продолжат да градат балистички проектили со кои во основа можат да се закануваат насекаде во светот“, рече тој.

 

Кремљ денеска ја осуди  „провокацијата” на Пјонгјанг, откако Северна Кореја повторно истрела балистичка ракета. Русија, воедно ги повика сите страни „да останат смирени”.

 

„Повторното истрелување ракета неспорно е провокативен акција, што ќе доведе до уште поголемо зголемување на тензиите и ќе не оддалечи од решавањето на кризната ситуација. Ја осудуваме ракетната проба и се надеваме дека сите релевантни страни ќе успеат да останат смирени, што неопходно за да не се развие полоша ситуацијата на Корејскиот Полуостров“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

 

И ЕУ и НАТО изрекоа зборови на остра осуда.

 

„Ова е натамошно кршење на бројните резолуции на Советот за безбедност на ОН и претставува закана за регионалната и меѓународната безбедност. Северна Кореја мора се врати во веродостоен и содржински дијалог со меѓународната заедница“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

 

Северна Кореја вчера ја прекина 10-неделна пауза во тестирањето оружје, со лансирање на  новата моќна ракета која според информации од севернокорејската национална телевизија достигнала надморска височина од околу 4.475 километри што е за 10 пати повисоко од Меѓународната вселенска станица. Таа за 53 минути летала околу 950 километри. Северна Кореја  успешно истрела нов тип интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-15″, која има дострел до САД.  Интерконтинентална балистичка ракета  може да носи нуклеарна боева глава и има дострел до целата континентална територија на САД.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи