Марсело призна дека затајувал данок

Facebook
Twitter
Email
Print

Затајувањето данок стана честа појава кај фудбалерите во Шпанија, а по Кристијано Роналдо и Лионел Меси, на ред дојде и Марсело.

 

Неодамна шпанскиот суд го обвини фудбалерот на Реал Мадрид, дека за време на неговиот престој во Шпанија затајувал данок.

 

Бразилецот се појавил на судењето, но истото траело само неколку минути затоа што фудбалерот на Реал Мадрид одлучил да се изјасни како виновен.

 

Марсело Виера призна пред шпанските власти дека затаил данок па со тоа ќе мора да плати 490.971 евро, тоа е износот за кој е обвинет. Обвинението беше подигнато затоа што тој не плаќал данок за правата на фотографии“, соопштија денес од шпанскиот суд.

 

Марсело има основано компанија која во периодот од 2011 до 2013 година ги криела неговите приходи, а со признавањето на вина Бразилецот избегна затворска казна. Тој најверојатно ќе добие четири месеци условна затворска казна и ќе мора да плати дополнителна сума во износ од 40% од вкупниот долг.

 

Секако, Марсело не е единствениот фудбалер кој што имаше проблеми со данокот во Шпанија. Пред него големи казни платија исто така и Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар. Треба да се спомене дека и таткото на Меси беше прогласен за виновен за затајување на данок и ѝ беше должен на Шпанија четири милиони евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи