ВИДЕО: Гремио по третпат е шампион на Јужна Америка – лудо славење по улиците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Бразилскиот Гремио е победникот на Копа Либертадорес. Во реванш средбата од финалето на ова натпреварување, Гремио го совлада аргентинскиот Ланос и тоа на негов терен, во Буенос Аирес со 2:1.

 

 

Првата средба која се одигра во Бразил, исто така му приопадна на Гремио, кој тогаш победи со 1:0.

 

Головите во овој возвратен дуел кој се играше пред 47.000 гледачи во главнито град на Аргентина, ги постигнаа Фернандињо (27) и Луан (42 минута), додека пак единсвенито погодок за аргентинскиот клуб беше дело на Жозе Санд во 72. минута, со удар од 11. метри.

 

Со тоа клубот од Порто Алегре ја прекина онаа трофејна „суша” долга 22 години. За последен пат беа во ваква ситуација во 1995 година, а претходно го освоија Купот Либертадорес и во 1983 година. Нивниот тренер Ренато Гаучо е првиот Бразилец кој го освои пехарот и како играч и како тренер, откако беше во составот на Гремио при првата шампионска кампања во 1983 година.

 

Со оваа победа Гремио си обезбеди пласман на Светското клупско првенство идниот месец во Обединетите Арапски Емирати.

 

Во Бразил се славеше до доцна во ноќта, а според информациите преку сто илјади луѓе биле на улиците за да го прослават големиот успех, во ритам на бразилската „самба“ што остава впечаток како да е карневал, а не прослава за успех на фудбалскиот клуб. Неизоставен дел од целата забава беше пиротехниката.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи