Човечки коски пронајдени во сом од 185 килограми!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во утробата на сомот тежок 185 килограми се пронајдени човечки коски, а кога е откриено чии се коски сите останале шокирани.

 

Полските риболовци Алфонс Брзовски и Марек Ждановиќ уловиле во реката Одра сом стар меѓу 90 и 110 години. Овој капиталец бил тежок 185 килограми, но она што е посебно интересно во целата приказна е тоа што го пронашле во утробата на сомот.

 

 

Имено, во оваа џиновска риба се пронајдени човечки коски и значки. После шокантното откритие во утробата на сомот, риболовците повикале и полиција, која набрзо покрена истрага за да го открие идентитетот на човекот чии коски се пронајдени во рибата.

 

Полицијата им се обрати на биолозите и форензичарите. Тие утврдија дека коските му припаѓаат на нацистички офицер од Втората светска војна.

 

Експертите меѓутоа не можеа со сигурност да кажат дали човекот чии коски се пронајдени во утробата на речната ѕверка умрел на некој друг начин или сомот го убил па го изел.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи