Хандановиќ во Интер до крајот на кариерата

Екипата на Интер успеа да го обнови договорот со Самир Хандановиќ и да го задржи словенечкиот голман во својот тим до крајот на кариерата.

 

Останувањето на Хандановиќ, и покрај одреден интерес на други клубови се најавуваше одамна, па денеска таа соработка се официјализира и Словенецот во Интер ќе брани уште три години, а сооглед дека тој има 33 години, значи дека практично до крајот на кариерата ќе биде меѓу диреците во дресот на миланскиот гигант.

 

Еден од најдобрите голмани во Калчото, во Интер дојде од Удинезе во 2012 година и многу брзо стана еден од клучните во тимот. Оваа година Хандановиќ брани во врвна форма и заедно со Икарди се најдобрите играчи, а Интер поради нив е второпласиран со само два бода зад лидерот Наполи и без пораз по 14 кола.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien