ВИДЕО – Здравески : „Прилеп Special show“ ќе биде настан каков што досега се нема организирано во Македонија

На 10 декември Прилеп ќе биде домаќин на едно навистина уникатно шоу кое за прв пат ќе биде организирано во Македонија. Шоуто е насловено како „Прилеп Special show“ и на него ќе учествуваат над 200 фризери, бербери, козметичари и шминкери од цела Македонија.

 

Манифестацијата ќе биде одржана во ноќниот клуб ВИП со почеток во 16 часот, а организатор е секцијата на фризери, берберии и козметичари до Прилеп.

 

 

Претседателот на прилепската секција на фризери, бербери и козметичари, Крешимир Здравески, вели дека шоуто ќе има 12 групи и секоја од нив ќе се претстави со свој специфичен настап. Според него „Прилеп Special show“ ќе биде настан каков што досега се нема организирано во Македонија и на кој ќе може да позавиди целиот Балкан.

 

Со Здравески поразговаравме и околу проблемите со кои се соочува нивната фела, како што се лошата законска регулатива, работата на црно, селектирањето на кредитите за самовработување, немањето на валидна институција каде може да се полага мајсторски испит, проблеми со законот за занаетчиство, недоволната едукација на фризерите и неквалитетното работење и немањето на фризерска федерација на Македонија.

 

Повеќе од разговорот со Здравески што се публиката може да очекува на „Прилеп Specijal show“ погледнете во видеото.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.