Ердоган: Нема да прифатиме никакви уцени од Американците

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги обвини бизнисмените кои што планираат да го изнесат капиталот од Турција во странство за „предавство“ и порача дека турската власт тоа нема да го дозволи.

 

„Слушнав дека некои бизнисмени се обидуваат да го префрлат својот имот во странство. Сега овде јасно ви велам – владата тоа нема да го дозволи, затоа што таквите постапки се предавство“, порача Ердоган пред членовите на неговата партија.

 

Инаку, деновиве во Њујорк трае судењето на еден од директорите на турска „Халкбанка“ – Мехмет Хакан Атил, обвинет за помагање на Техеран да ги заобиколи амерканските санкции. Клучниот сведок-соработник е турско-иранскиот бизнисмен Реза Зараб кој на судењето открил дека Ердоган во 2012-та година дал инструкции на двете банки да ѝ помогнат на „Халкбана“ за да се заобиколат санкциите против Иран.

 

Зараб открил дека од март 2012-та до март 2013-та година му дал повеќе од 50 милиони евра мито на поранешниот министер за економија Зафер Чаглајан.

 

Одлуката на Зараб во таа постапка да му помогне на американското правосудство може да предизвика проблеми во Турција. Обвинителството во Истанбул соопшти дека имотот на Зараб и неговото семејство ќе биде запленето во рамките на истратага за негова шпионажа.

 

Турските власти го критикуваат судењето на банкарот во Њујорк, сметајќи дека тоа дел од заговорот на Фетулах Ѓулен кој што е обвинет за организирање на воениот удар во Турција кој што се случи на 15-ти јули 2016-та година.

 

„Тоа судење не е ништо друго освен заговор кој што се одвива на другата страна на океанот. Американските судови не можат да ја судат Турција“, изјави Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи ги американските власти и имамот Фетулах Ѓулен.

 

Турскиот претседател порача дека сето тоа што се случува во Соединетите Американски Држави не било судење, туку било обид за уцена која што Турција нема да ја прифати.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.