Леванте му честиташе на Барди за освоената награда – најдобар македонски фудбалер во странство

Леванте, како по обичај, никогаш не заборава да ги поздрави своите фудбалери, кои прават многу за фудбалскиот клуб. Овој пат, Леванте, како што доликува на голем клуб, на својот играч му честиташе за наградата – најдобар македонски фудбалер во странство, на вчерашниот избор во организација на Фудбалската федерација на Македонија.

 

Официјалниот Твитер профил на шпанскиот прволигаш испрати честитка до својот фудбалер, кој оваа сезона ги освои срцата на фановите. Со четири постигнати гола во Примера, Барди е најдобриот поединец во тимот на Хуан Рамон Муњиз, кој максимално го користи неговиот потенцијал.

 

 

„Барди ја доби наградата од Фудбалската федерација на Македонија за најдобар фудбалер за сезоната 2016/2017. Честитки!“, напиша шпанскиот клуб.

 

Изминатата година за младиот фудбалер за врска на Македонија беше импресивна, како на репрезентативен, така и на клупски план.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien