Сугарески: За капитални проекти следната година 5,105 милијарди денари

Буџетот на Министерството за транспорт за следната година е развоен и во најголем дел проектираните средства се расходи наменети за капитални проекти. Тие се позиционирани на ниво од 5 милијарди и 105 милиони денари, за 1,5 милијарди денари повеќе отколку во Буџетот во 2016 година,  информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарекси.

 

Проектираниот буџет, посочи, треба да обезбеди високо ниво на реализација на капитални инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура.  Развојната компонента ни дава очекување за економски раст во 2018 година со акцент на зголемување на учеството на градежниот сектор во БДП бидејќи капиталните проекти очекувано се зголемуваат и по бројка и по квалитет.

 

„Во патната инфраструктура продолжува изградбата на автопатиштата. Планирано е во март следната година да биде пуштен автопатот Демир Капија-Смоквица, до крајот на септември да биде изграден автопатот Миладиновци – Штип, и дополнително да се направи анекс на договор за изградба на автопатот Кичево- Охрид за што се во завршна фаза преговорите“, рече Сугарески, кој на прес-конференција во Владата го презентираше предлог-буџетот на Министерството за транспорт.

 

Сугарески очекува на крајот на следната година или на почетокот на 2019. да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце за кој проект се прави репроектирање за да се избегнеле проблемите кои се појавија при изградбата на тековните автопатишта.  Со програмата  што ја прави ЈП за државни патишта, пак, ќе се утврди периодот за изграбба на патот  Дебар – Тирана, а тоа ќе биде и една од темите на најавната заедничка седница на владите на Македонија и Албанија, покрај железничката линија Кичево-Лин, за која е завршена проектната документација.

 

Паралелно, ќе продолжи изградбата на почнатите експресни патишта, а ќе стартуваат активностите за новите зависно од завршувањето на документацијата и тендерите, како што се делниците Градско-Дреново, Ранковце-Крива Паланка,  Штип-Радовиш и Штип – Кочани. Во текот на 2018 година ќе почне и реконструкција 26 патишта низ државата.

 

Како што прецизираше Сугарески, буџетот на Министерството за транспорт и врски во 2018 година изнесува милијарда и 680 милиони денари (26 милиони евра), а изност на планираните пари за капиталните  проекти е со задолжувањата за таа намена.

 

За процесот на гасификацијата се издвоени 2.234.000.000 денари, 311 милиони денари повеќе од лани. За тој проект, појасни, е утврдена интензивна динамика,  но најголем дел од парите се за експропријацијата која се јавува како најголем проблем. За изградба на нови пруги на коридорите 8 и 10 се планирани 1, 375 милијарди денари, за 817 милиони денари повеќе во однос на минатогодишниот Буџет.  За водоводи и канализации во општините преку заем од ЕИБ се обезедени 698 милиони денари, 330 милиони денари за социјални  станови, а со 415 милиони денари се планира покривање на загубите во патничкиот сообраќај на МЖ Транспорт. Со 104 милиони денари ќе се поддржува воведувањето нови дестинации во авиосообраќајот, з акаде се најавува нов повик за избор на нискобуџетка авикомпанија со оглед дека догодина истекува договорот со актуелниот авиопревозник.

 

За изградба на Жичарница од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања „Козле“ ќе се инвестираат 50 милиони денари, а 70 милиони денари за населбата „Сончев град“, 20 милини денари за инфратсруктурата во зоната Визбегово.  Триесет милиони денари, пак, се проектирани за реконструкција на управната зграда, за 91 милион денари пом налку во однос на минагодишниот износ за таа намена.

 

Одговарајќи на новинарски прашања Сугарески рече дека претпроставува оти проектирањето и неквалитетните материјали се причина за што по обилните дождови се појавија кај дел од објектите од проектот „Скопје 2014“. Сепак, потенцира министерот, да оставиме причната да се утврди низ постапка на вештачење.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien