„Hummel“ брендираше патики во чест на Кире Лазаров

Најдобриот македонски ракометар и капитен на репрезентацијата, Кирил Лазаров долго време соработува со спортскиот бренд „Hummel“, чии патики ги носи на секој свој натпревар.

 

Спортскиот бренд пред неколку години го изненади нашиот десен бек и изработи патики со кои македонскиот голгетер настапуваше за репрезентацијата на Македонија.

 

 

Сега, компанијата која е пронајдена во Германија, а моментално има главно седиште во Данска, изработи специјални патики во сино-бела боја и со заштитно лого на македонскиот ракометар  – Лазаров 7. Лазаров ќе дебитира со нив на дербито против ПСЖ, а фановите ќе можат да ги купат на крајот на март и почетокот на април.

 

 

Патиките со заштитен знак на македонскиот капитен, прв пат ќе бидат пуштени во продажба и од март наредната година ќе можат да се купат во официјалните продавници на „Hummel“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien