Претставен Alfa Romeo Sauber

Викендов официјално беше претставен тимот Alfa Romeo Sauber за 2018 година и беше прикажан изгледот на болидот во кој возачите ќе се натпреваруваат во нараедната сезона.

 

 

Alfa Romeo потпиша договор за техничко и комерцијално партнерство со швајцарскиот Ф1 тим Sauber и од сезоната 2018 ќе учествува во светскиот шампионат на Формула 1. Со ова, Alfa Romeo се враќа во Ф1 по три децении отсуство, со обзир дека во ова натпреварување учествуваше во периодот 1950-1988 година, и како конструктор и како проозводител на мотори.

 

Во 2018, во болидите кои ги носат препознатливите бои и логото на брендот Alfa Romeo, ќе настапуваат Шарл Леклер и Маркус Ериксон, а на свечената промоција на тимот е прикажан  и изгледот на болидот за наредната сезона.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien