Притвор за Муковски и Арнаудов

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Заврши распитот на сите шестмина пратеници кои се осомничени за настаните во Собранието на 27 април. Судијата на претходна постапка, сега треба на сите поединечно во рок од шест часа да им врачи решенија со одлука дали одат во притвор или не.

 

За двајца од пратениците инволвирани во насилствата во собранието судот изрече мерка притвор. Станува збор за Крсто Муковски и Љубен Арнаудов.

 

За останатите четворица кои беа изведени денеска пред судија од предистражна постапка се очекува судот да донесе одлука во текот на денешниот ден.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи