Реал: Крос плус 80 милиони евра за Дибала

Како што тврдат шпанските медиуми, Паоло Диабала речиси сигурно ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Одличниот напаѓач на „Старата дама“ уште минатата сезона беше цел на Реал Мадрид, но Аргентинецот одлучи да остане и да го продолжи договорот. Како што пишува угледната „Марка“, весник кој е многу блиску до Реал, „Кралскиот“ клуб сака да го донесе Аргентинецот на лето.

 

Иако до неодамна истакнуваше дека нема намера да ја напушти „старата дама“, Дибала сигурно добро ќе размисли доколку добие понуда од најтрофејниот европски клуб. А добро ќе размисли и Јувентус со оглед на понудата што се најавува од страна на шпанските медиуми. Како што јавува тиражниот весник „Марка“, „кралевите“ се подготвени да платат 80 милиони евра, но згора на тоа да го испратат и Тони Крос во Јувентус, се со цел да го убедат италијанскиот првак да се раздели од еден од своите најдобри фудбалери.

 

Останува да се види дали до Јувентус ќе стигнат и други понуди со оглед на големото внимание кое го привлече Дибала кај други големи европски екипи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien