Граѓаните и за годинава ќе мораат да поднесат годишна даночна пријава

За годинава останува обврската на граѓаните да поднесат хартиена годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи. Од 2019 година, пак, УЈП по електронски пат ќе прави увид во приходите на граѓаните.

 

Од јануари 2019 година Управата ќе воведе систем со кој даночната пријава ќе се поднесува по електронски пат. Со овие измени Управата за јавни приходи ќе ги добива податоците по електронски пат за секој граѓанин поединечно и наместо нив ќе ја изготвува електронската даночна пријава.

 

Во „е-персонален данок“ ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои може да се носиме рамо до рамо со модерните даночни администрации. Новите електронски услуги за персонален данок овозможуваат во целост поедноставување на постапките и намалување на административниот товар за пријавување и за плаќање на данокот од страна на фирмите и на граѓаните“, изјави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на завршниот настан од едногодишниот проект финансиран од Европската Унија, што овозможи креирање на новата електронска алатка на УЈП – „е-персонален данок на доход“.

 

Граѓаните ќе имаат обврска само со помош на компјутер да ја отворат пополнетата пријава, да ја прегледаат и да ја одобрат или корегираат. На тој начин, велат од Управата, со еден клик се завршува целата работа.

 

За да се воведе електронската даночна пријава, потребни се прво измени во Законот за персонален доход, кој наскоро треба да влезе во собраниска процедура.

 

Електронската даночна пријава од јанаури следната година ќе се воведе само за правните лица. Фирмите ќе имаат обврска да поднесуваат електронски пресметки во УЈП.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien