Руската Дума забрани пристап на новинари од американски медиуми

Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума денеска им забрани пристап на новинари од американските медиумии, кои се оквалификувани како „странски агенти“.

 

ТАСС јави дека пратениците едногласно ја одобриле заедничката резолуција како одговор на одлуката на на Конгресот на САД да ја одземе акредитацијата на руската телевизија „Раша тудеј“.

 

„Државната Дума го смета за неприфатлив секој напад на човековите права и слободи, слободата на говорот и правото на добивање и ширење информации. Штитејќи ги демократските вредности, пратениците на Државната дума го оставаат за себе правото да преземаат симетрични мерки во врска со одлуката за лишување на низа руски новинари од акредитациите за влез во американскиот Конгрес“, се вели во соопштението.

 

Државната дума му препорача на Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, да донесе иста одлука.

 

„Заштитувајќи ги демократските вредности, пратениците од Државната дума го задржаа правото да преземат идентични мерки во врска со одлуката за одземање на акредитациите за американскиот Конгрес на повеќе руски новинари“, се наведува во одлуката.

 

Министерството за правда на Русија вчера објави листа од девет медиумски куќи на кои им е доделен статусот на странски агенти. На листата се наоѓаат Гласот на Америка, Радио Слободна Европа, Фактограф, Сибир.Реалије, телевизијата Карент тајм, татарско-башкирскиот сервис Радио Слобода, Идел.Реалије, Кавказ.Реалије и Крим.Реалије.

 

Руските пратеници истакнаа дека забраните можат да бидат укинати, доколку биде донесена слична одлука во однос на руските медиуми во САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien