Тарантино би можел да режира филм од „Star Trek“ франшизата

Квентин Тарантино изрази желба да режира еден од филмовите од популарната филмска франшиза „Star Trek“. Американскиот режисер веќе контактирал неколку луѓе со цел да се вклучи во проектот.

 

Според наводите од порталот Deadline, Тарантино ја споделил идејата за новиот Star Trek со продуцентот Џ. Џ. Абрамс, кој ги пренесол идејата и планот на Paramount. Ако сè испадне според замислата, Абрамс ќе го работи сценариото, а Тарантино режијата.

 

Тарантино досега режираше и снимаше само свои филмови, како и неколку епизоди од сериите CSI и ER за телевизиски потреби, но ова би бил прв негов голем чекор надвор од неговиот концепт и начин на работа. Ова би бил прв ангажман на филм од голема франшиза, како и прв пат да се занимава со sci-fi жанрот.

 

Идејата е франшизата Star Trek да ја обработи еден од најголемите филмски автори на сите времиња, што истовремено претставува и нова насока во кариерата на Тарантино, кој во минатото работеше исклучиво на оригинални филмови.

 

Абрамс го режираше Star Trek до 2009 година, како и продолжението Star Trek Into Darkness од 2013 година. Беше и продуцент на минатогодишниот Star Trek Beyond.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи