Милан пред казна од УЕФА

УЕФА го одби предлогот на Милан околу доброволен договор за финансиски фер-плеј, пренесуваат италијанските медиуми. Според тие информации, УЕФА подготвува казна за Милан, иако клубот излегол со план во кој ја покажува економската стабилност во наредните години.

 

УЕФА конечната одлука би требало да ја соопшти утре, но италијанските медиумски гиганти, „Газета дело спорт“ и „Кориере дело спорт“ од доверливи извори стигнале до информации дека европската куќа на фудбалот ја одбила спогодбата, па така Милан се соочува најмалку со парична казна или ограничување за трансфери, а во најлош можен случај на клубот му се заканува и исфрлување од Европа.

 

Во последните три години Милан има кумулативен трошок од 255 милиони евра, а дозволената сума од УЕФА е 30 милиони евра. Впрочем, само оваа сезона „росонерите“ потрошија 200 милиони за засилувања, но и покрај тоа моментно е осми на табелата.

 

Милан на официјалниот клупски сајт објави дека е подготвен за договор во случај УЕФА да го одбие предлогот.

 

„На тврдењето на медиумите, кое пренесуваат дека УЕФА го одбила нашиот план за финансискиот фер-плеј, сакаме да кажеме дека сме подготвени за договор. Клубот има голема почит кон европските институции, така што подготвени сме да се соочиме со спогодбата која ќе ни ја предложат“, велат од клубот.

 

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, минатиот месец изјави дека е вознемирен поради ситуацијата во Милано и дека сите опции се отворени, размислувајќи за санкции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien