Објавена карта на богатството во ЕУ: Македонија на картата на сиромашните

Картографот Јакуб Мариан на својата веб страна објавил карта која ја прикажува распределбата на богатството во Европа, односно е прикажано средното богатство по личност во Европа.

 

Податоците за анализирање се земени од „Кредит Суис“, објавени годишно во нивниот извештај за богатство. Според Мариан, „Кредит Суис“ го мери богатството со додавање на вредноста на финансискиот и нефинансискиот капитал, а потоа одземајќи го долгот.

 

Објавената карта на Европа ја прикажува средната вредност на тоа богатство по возрасна личност во секоја држава, изразено во американски долари, а картата е објавена на порталот jakubmarian.com.

 

 

Како што пишува хрватски Index, оваа карта треба да се “земе со резерва”.

 

Имено, податоците не се целосни за некои земји од ЕУ. За некои земји од ЕУ се користи пресметка базирана на вкупните салда на домаќинствата кои бележат што на одреден ден поседува домаќинството, односно што должи, а за некои земји се користени податоци основани на финансиските салда, во кои е вклучен само финансискиот имот. Во вкупното салдо на домаќинствата е вклучено се, па и недвижнините, вели за Index економистката Ведрана Прибичевиќ.

 

Од сите поранешни екс-Ју држави, најбогата е Словенија, додека на второто место се наоѓа Хрватска. Македонија во таа група се наоѓа само пред Србија, додека на ниво на целиот Балкан, Македонија се наоѓа пред Србија и Албанија. За Косово нема податоци.

 

Најбогатата земја во Европа е Исланд (445.000 долари), потоа се Швајцарија (229.000 долари) и Луксембург (168.000 долари), а веднаш зад нив се Норвешка, Франција и Велика Британија. На последно место се најдоа Украина (100 долари) и Белорусија (900 долари).

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.