Реформирање на еврозоната: Европски министер за финансии и Европски монетарен фонд

Facebook
Twitter
Email
Print

Пакет мерки за реформирање на еврозоната и зголемување на нејзината отпорност кон идните кризи денеска беше предложен од страна на Европската комисија. Помеѓу предлозеите е и предлогот спасувачкиот фонд на еврозоната – Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) да се трансформира во Европски монетарен фонд (ЕМФ).

 

Предвидено е новата институција да биде задолжена со спасување на земјите-членки што се во неволја, со почетен фонд од 500 милијарди евра. Се очекува планот да содржи и креирање буџет на еврозоната во иднина, но засега не се специфицирани ниту неговата големина ниту, пак, функциите.

 

„Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) да се трансформира во Европски монетарен фонд (ЕМФ). Задачата на ЕМФ би била да обезбедува кредити за земјите членки, кои имаат финансиски проблеми, но би можел да развие и нови финансиски инструменти што би биле користени за давање дополнителна помош на членките погодени со финансиски проблеми.“

 

Планот, како што наведува „Стратфор“, е важен бидејќи сугерира дека Еврокомисијата сака да направи компромис помеѓу Германија и Франција. По францускиот предлог, ЕУ ќе се обиде да стави повеќе пари на располагање за земјите што се во криза. Но за да се задоволат и германските барања, парите од ЕМФ ќе бидат условени од имплементација на економските реформи и зависни од едногласната поддршка.

 

Покрај тоа, со овој план, Еврокомисијата ја покажува желбата на Унијата за намалување на врските со ММФ и за зголемување на независноста при справувањето со финансиските кризи. ММФ беше вклучен во неодамнешните програми за помош во еврозоната, но се судри со институциите на ЕУ за тоа какви политики треба да се имплементираат за помагање на земјите во криза. Најпознат случај е оној со грчката финансиска криза, во чиј тек ММФ процени дека на Грција треба да ѝ биде отпишан дел од долгот, но ЕУ одби.

 

Европската комисија предложи и формирање функција европски министер за економија и финансии, кои со работа би почнал од ноември 2019 година.

 

Според предлогот министерот истовремено ќе биде и потпретседател на Европската комисија, ќе претседава со еврогрупата и ќе ја контролира работата на ЕМФ. Ќе работи и на промовирање и пружање поддршка за координација и имплементација на реформите на членките на ЕУ, а ќе биде одговорен и за идентификување на соодветни фискални политики за еврозоната.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи