Осмата сезона на “Игра на тронови” ќе пристигне во 2019 година

Софи Тарнер, глумицата од ТВ серијата “Игра на тронови” потврди дека следната година нема да ги гледаме сплетките во Вестерос, односно осмата и последната сезона на серијата пристигнува дури во 2019 година.

 

Тарнер во интервју за Варајети изјави дека последната сеозна “Dark Phoenix” ќе се емитува во ноември 2019 година. Таа исто така рече дека во следниот нејзин филм таа е продуцентка и дека се радува на она што ја очекува во иднина.

 

Последната сезона ќе има седум епизоди, за разлика од пвите шест кои имаа по десет епизоди. Меѓутоа, епизодите во осмата сезона ќе траат подолго, односно од 80 до 90 минути.

 

Продукцијата започнала со работа уште од октомври, а креаторите на серијата, Дејвид Бениоф и Ден Вајс изјавија за “Ентертејнмент Викли” дека на серијата ќе работат година дена. Снимањето ќе трае до крајот на летото, а потоа следува постпродукција. Поради тоа, невозможно е сезоната да биде готова до крајот на 2018 година.

 

“Игра на тронови” е моментално најпопуларната HBO серија која некогаш била снимена. Серијата има освоено Златен Глобус, 38 ЕМИ награди и е најнаградуваната серија во историјата на наградите ЕМИ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien