Претседателот на Студентскиот парламент украл 50 000 евра од касата на УГД во Штип

За 50 илјади евра, 29 годишниот Г.С. ја оштетил, касата на студентскиот парламент при УГД , тврдат од Штипскиот сектор за внатрешни работи.

 

Против Г.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Штип за злоупотреба на службената должност и овластување.

 

„Во периодот од 16 јануари до 16 декември 2016 година без почитување на Статутот на Здружението, вршел незаконити набавки од фирми и физички лица, како и набавки без притоа да биде известено надлежното тело на Здружението, при што истото го оштетил за 31.170.000 илјади денари. Затоа, СВР Штип поднесе писмено известување за продолжено кривично дело за злоупотреба на службената должност и овластување“, изјави Гордана Панајотова, портпарол во СВР Штип.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien