Хојт Ји демантира: Нема да бидам нов амбасадор во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Aмериканскиот заменик помошник државен секретар, Хојт Брајан Ји, кој имаше ексклузивно гостување на телевизијата N1 Сараево ги отфрли наводите на повеќе домашни и регионални медиумуи дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, односно дека на таа позиција ќе го замени Џес Бејли.

 

„Многу сум горд на тоа што ја вршам функцијата заменик помошник државен секретар и задоволен сум со тоа што го правам. Драго ми е што можaм да потврдам дека и натаму ќе бидам на оваа функција“, рече Хојт Ји на прашањето дали ќе застане на чело на американската амбасада во Скопје.

 

Неодамна, дописникот на „Ал Џезеира Балканс“ од Вашингтон извести дека добил потврда од Стејт департментот оти Хојт Ји ќе го замени Џес Бејли, кој е амбасадор во Македонија од 2014 година, но сега американскиот заменик помошник државен секретар лично ја демантираше ваквата информација.

 

Инаку, во интервјуто за телевизијата N1, Хојт Ји истакна дека еден од главните интереси на САД во Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со останатиот дел од Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина.

 

„Наш интерес е земјите од регионот да имаат што подобра пазарна економија, која ќе им пружи шанса на сите граѓани, а посебно на младите“, изјави Ји.

 

Осврнувајќи се на најавите за нова стратегија на САД за Балканот, Ји нагласи за американската политика не решаваат одделни дипломати, туку Вашингтон.

 

„Во случајот на регионот американската влада цврсто ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ“, додаде Ји.

 

Хојт Ји беше чест гостин во Македонија за време на политичката криза и посебно во периодот кога претседателот Ѓорѓе Иванов одбиваше да му го даде мандатот на Зоран Заев за формирање на владата се додека тој не даде гаранции за унитарниот карактер на земјата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи