Се утврдија групите за светиниколскиот турнир во мал фудбал

Со жрепка денеска се утврди редоследот на групите и екипите кои ќе учествуваат на светиниколскиот турнир во мал фудбал, што ќе се одржи во Прилеп од 12 до 28 декември. На турнирот ќе настапат 43 екипи и тоа 33 екипи во сениорска категорија, 11 екипи ќе бидат пионери и 9 ветерани.

 

Сениорите се поделени во 8 групи од кои 7 се со 4 екипи, а во една група има 5 екипи.

 

Пионерите се од генерациите 2005, 2006 и 2007 година. ветераните пак се поделени  во 2 групи од кои едната има 5, а другата 4 екипи.

 

Редоследот и распоредот на екипите може да го погледнете во приложените слики.

 

 

Инаку во согласност со претставниците на екипите на пионерите е договорено да се игра бод систем, секој со секого и на крајот првата и второпласираната екипа ќе играат за прво место а третопласираната и четвртопласираната екипа ќе играат за 3 место

 

Екипата „Портал“ на жребањето беше претставена со името на спонзорот „Краш Маркет“ од Битола.

 

Инаку наградниот фонд ќе изнесува 330.000 денари. Годинава собраните средства од овој хуманитарен турнир ќе бидат наменети за опремување на Центар за децата заболени од церебрална парализа.

 

Турнирот ќе се одржува како и секоја година во спортската сала до Тутунскиот комбинат.

 

Пропозициите за турнирот можете да ги преземете на овој линк :

 

http://www.prilep.gov.mk/content/file/oglasna/122017/propozicii.pdf

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien