Бурата „Ана“ ја „тресе“ Европа

Стотици илјади домаќинства во Западна Европа останаа без струја поради снежни бури, кои предизвикаа и транспортен хаос на места во Велика Британија и Германија. Во повеќето земји времето е доста динамичнo и на многу места има предупредувања за опасно време, соопштија медиумите на Островот.

 

Силните снежни врнежи во Велика Британија откажаа летови, затворија училишта и го отежнаа сообраќајот по патиштата. Имаше сериозна загриженост во врска со одржувањето на фудбалските натпревари вчера. Снежната покривка таму е околу 30 см. Ситуацијата ќе се нормализира во наредните часови, бидејќи врнежите престануваат.

 

Бурата Ана ја погоди Франција и остави 120.000 домаќинства без електрична енергија. Бурата е придружена од обилни снежни врнежи, силен ветер и поројни дождови. Засегнати се некои западни и југоисточна Франција. Во неколку региони крај Лоара, над 120.000 домаќинства немаат електрична енергија. Поради обилните снежни врнежи во Лил и Булоњ-сур-Мер, градските автобуски линии се во прекин.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien